Вообичаено, гаражите за паркирање не се архитектонски револуционерни – тие имаат функционална цел во општество во кое многумина сѐ уште се потпираат на автомобилите за да стигнат до својата дестинација. Но, додека се стремиме кон можна иднина со помалку автомобили и поодржливи начини на транспорт, што ќе помогне да се намалат емисиите на јаглерод и сообраќајниот метеж, потребата за паркинг најверојатно ќе се намали. За возврат, гаражите за еднократна употреба може да станат ирелевантни и да бидат уништени, што ќе доведе до зголемен отпад, јаглерод и трошоци. Затоа, новата Alta Garage на Google во Маунтин Вју беше дизјанирана со можност да не биде паркинг гаража во иднина – подготвена е за во кој било момент да биде претворена во објект за комерцијална или станбена употреба или пак за целите на заедницата.
Оваа идеја се нарекува „незастарливо паркирање“: како што се менуваат потребите на општеството така може да се промени и Alta Garage. Потребни ви се повеќе канцеларии, живеалишта, погодности или простор за настани? Како што се намалува потребата за паркинг, Alta Garage може да се претвори во сето тоа. Може да го направи тоа на начин што ги намалува трошоците, штеди време, го намалува отпадот и ја зголемува одржливоста.